Уште само малку до големата Велигденска еуфорија…откако минатата година Ви презентиравме интересен начин да ги спакувате велигденските јајца за Вашите најмали членови од семејството, оваа година повеќе се фокусираме на украсувањето на Вашиот дом. Дали денешниот Направи сам избор ќе го сместите на работното биро или во библиотеката, ќе зависи од распоредот на Вашиот простор за работа и учење. Кој може да се освежи во овој период од годината!

Потребно Ви е:
– порцеланско зајче
– неколку страници од стара книга
– лепило со четка/сунѓерче

2

3

Постапката е доста едноставна затоа што истата подразбира нанесување на лепакот, па нанесување на хартијата и секако, нејзино повторување неколку пати. Единствено што треба да обратите внимание е да не Ви се создадат т.н перничиња со воздух и кои ќе треба да ги измазните со прстите. Целата филозофија е околу тоа. На крајот, само ќе треба да го поставите украсното зајче на местото кое сте го избрале и да не се грижите за сушењето (затоа што секако ќе стои вон дофат).

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објава25 фустани за 25 градови
Следна објаваНајдоброто од Мадона од 80-тите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ