Помалку е повеќе“ како непишано правило за на плажа или секоја друга локација каде што ќе изберете да носите костим за капење. Независно дали сте на море, езеро, базен или едноставно сте одлучиле да поработите на тенот – повеќе од јасно е дека минимум стилот важи без оглед на трендовите. Кога сме веќе кај трендот за лето 2014 година, тогаш едноделниот костим за капење се враќа на голема врата. Модерната верзија на ова парче датира уште од 80тите години на минатиот век, кога фитнес-индустријата го акцентираше спортскиот изглед, флексибилноста и функционалноста на овој костим за капење. Истовремено, ретро-секси изгледот на 50тите и 60тите години полека се аплицира во стиловите секое лето, така што дизајнерите експериментираат со деталите, принтовите и воопшто целосниот изглед на ова парче.

Се чини дека ова парче облека никогаш не излезе од мода, првично поради можноста да се скрие критичниот дел околу стомакот, а во исто време да не се намали од стилскиот изглед на девојките и жените, кој потсетува на модерна дама. Игра со бои, дезени, копчиња; класична инспирација или флорално освежување… Ваше е да додадете накит, шапка, очила за сонце или марама. Погледнете ја галеријата во прилог и пронајдете го својот едноделен момент за на плажа!
0
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСмели и убави | Tos Kostermans
Следна објаваФризура | Долг боб
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ