Од Тамара и Нокаут до Band Off, од Дац и Митевски до Дарио, од Лозано до Саут Парк и Џанкјард, Камерен орекстари и уште многу други, очекувајте ги најголемите, најпрогресивните и најзабавните музички имиња од македонската сцена на Новогодишниот базар во Skopje City Mall

Со почеток во сабота, на 4 декември, ќе блесне новата, голема елка во Skopje City Mall, што ќе го означи почетокот на нашиот празничен, новогодишен базар. По овој повод трговскиот центар ги Ве поканува сите на официјално отворање на Новогодишниот базар, оваа сабота од 19:00 часот и свечено палење на новогодишната елка.

Истата вечер од 20:00 часот настап ќе има Тамара Тодевска, која ќе создаде вистинска празнична атмосфера. Со тоа, вистински ќе зачекориме во декември, месец на големиот Новогодишен базар во Skopje City Mall, месецот на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања. Следниот ден, во недела, продолжуваме со забава, преку ден со детска програма како и со вечерна програма со Саут Парк од 18:00 часот.

НЕМА КОМЕНТАРИ