
Ѕвездата инвестираше голем дел од своето богатство во недвижен имот, купувајќи куќи во Њујорк, Нешвил и Роуд Ајленд. Таа неодамна ја купи куќата на познатиот продуцент Семјуел Голдвин во Беверли Хилс и ја реновираше за да ја врати во првобитната состојба, нагласувајќи ги архитектонските елементи од времето кога е изградена.


Прекрасна е и надворешноста на вилата. Пред влезот се наоѓа голем тревник, а има и базен со сопствена викендица, надворешна кујна и тениско игралиште.


















