Висечките градини на Бали, се кријат среде индонезиската џунгла и претставуваат вистински рај, до кој може да се стигне со авион…
Полињата со смарагдска флора и ориз ги прават дестинација што постојано привлекува патници од целиот свет. Тие се оддалечуваат од масовниот туризам и им нудат на сите свои гости ексклузивно и навистина луксузно искуство, во рамките на нивните 44 вили, опкружени со орхидеи и дрвја, со целосна автентичност и интимност.
На кратко растојание од одморалиштето, кое гледа на реката Ајунг и храмот Далем Сегара, е Пајанган. Волшебната панорама, која зрачи со посебна енергија, ја обликуваат мали вили, од кои секоја има свој бесконечен базен. Сепак, вистинската вредност на одморалиштето лежи во нејзината близина до џунглата Убуд.
Градините на одморалиштето се спојуваат со густата индонезиска шума и нејзината исклучителна флора, така што возбудливите и немирни мајмуни често уживаат на терасите на приватните вили.
Riverside, Panoramic, Majestic – апартмани
Секој апартман и градба која постои овде, е создадена со користење на локалните техники, па дури 700 занаетчии учествуваа во овој проект, создавајќи амбиент кој е комбинација на егзотика, луксуз и прекрасна естетика.
Покрај гастрономијата, духовноста и благосостојбата се главните столбови на програмата на ова одморалиште. Ако го посетите храмот Мангку и Падмасана, ќе можете да се ослободите од негативните енергии, додека часовите по јога и спа центарот целосно ќе ве ресетираат и подмладат.