Меган Маркл и принцот Хари ја купија својата прилично голема вила како прв дом во Калифорнија…

Според наводи, најновиот имот во нивното портфолио чинел 14,65 милиони долари, а се наоѓа во Монтесито.

Имињата на војводата и војвотката од Сасекс не се појавуваат на списокот, но тука е името на мистериозен фонд, кој ја дели адресата со канцелариите на долгогодишниот холивудски менаџер на славната Меган.

Јавните документи откриваат дека купувачите обезбедиле 9,5 милиони американски долари авансно за купување на овој имот, кој е целосно одалечен со приватна, оградена улица. И покрај високата цена, Меган и Хари добија попуст, затоа што поранешниот сопственик, рускиот бизнисмен, Сергеј Гришин, го купи овој имот по цена од 25,4 милиони долари, обидувајќи се да го продаде во претходните 10 години.

Иако Монтесито е оддалечен само два часа од Лос Анџелес, ретко ќе ги видите папараците во овој дел од светот, поради што познатите личности честопати го избираат како свое скриено и мирно место.

Меѓу другите, Меган и Хари ќе ги имаат Гвинет Палтроу, Елен Диџенерес, Ариана Гранде и Опра Винфри како соседи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПелерина – глевен тренд за есен/зима 2020/21 година!
Следна објаваВисечките градини на Бали се вистински рај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ