На 21-ви овој месец на сцената на Македонската Опера и Балет (МОБ) премиерно беше изведена операта ‘Магбет’ од Џузепе Верди по истоименото дело од Вилијам Шекспир. Во операта се брилијантно усогласени Вердиевата маестрална музика која провејува низ мрачната психолошка драма, во која желбата за власт и превземање на кралскиот трон е посилна од сѐ. Во улогите на брачниот пар Магбет настапија Весна Гинова-Илковска и Борис Трајанов.

Нашата оперна дива која е водечки оперски драмски сопран во Македонија и овој пат ја воодушеви театарската публика и своите верни обожаватели/ки со добро познатата динамично-вдахновена аритмична изведба на сцената.

Најпрво би сакала да и се заблагодарам на нашита денешна соговорничка што одвои од своето драгоцено време да ни одговори на неколку прашања.

************************************************************

ДИВИАНАРТС: Г-ѓа Весна, со оглед на вашето 20 годишно искуство на сценската уметност, како би ја дефинирале моменталната културна сцена во Македонија?

Г-ѓа Гинова-Илковска; Културата е еден од столбовите на секоја држава. Нејзините амбасадори се уметници, кои етаблирано работат и дејствуваат.Години наназад работам посветено во мојата област и она што знам најдобро да го правам. Има доста настани навистина, и театрите се со полни сали. Тоа значи има интерес за нас. Културната политика е нешто сосема друго, за кое јас не сум адекватна да зборувам бидејќи сум репродуктивец.Треба да научиме да зборуваме само за она во кое сме стручни.

ДИВИАНАРТСНа 18ти Март во Македонската Филхармонија ќе одржите голем јубилеен концерт на кој меѓу големите музички имиња од нашата земја, ќе настапат и млади таленти, кажете ни колку е важно давањето на потсрек на овие млади луѓе од страна на нашите институции и одредени организации?

Г-ѓа Гинова-Илковска: Можев да поканам мои колеги, со кои сум во контакт секојдневно.Едноставно решив дека треба да претставам млади кадри на кои допрва им доаѓа времето. Од секогаш поддржувам млади уметници. Ветер во грб на секој еден од нив е потребен. Тие се одлични пеачи, и се пресреќни. Има ли нешто поубаво од тоа? Да видиш насмеани и среќни млади луѓе.

—Македонската оперска дива Весна Гиновска Илкова, на голем, јубилеен концерт, заедно со Влатко Стефановски, Местра Бисера Чадловска, Љупчо Мирковски, Ивана Здравкова, Никола Стојчевски, Бобан Мирковски, Жарко Димоски, Баги Биг Бенд.—

Фантастична музика, сублимат од тоа што Гиновска Илкова го работи и слуша.
За прв пат – промоција на извонредни млади оперски гласови!
За прв пат – Фантом од Операта во рок издание!

18 март, 20 часот, Голема сала на Филхармонија.

ДИВИАНАРТС: Со вашите настапи вие ја споделувате вашата енергија и сензибилитет со публиката која и неминовно ви се враќа со голем интензитет, па би ве запрашала како го поминувате слободното време, каде ги ‘полните’ батериите? ?
Г-ѓа Гинова-Илковска : Моето тело е научено на трошење на огромна количина енергија. Затоа кога имам пауза од обврски,секогаш сум физички активна. Дали е пешачење, планинарење, скијање,…и мирен сон?***(Најбитната работа за еден пеач)***

ДИВИАНАРТС: Со оглед дека нашиот портал се занимава со следење на модните трендови, би ве запрашала како го дефинирате вашиот стил, што преферирате да носите кога не сте на сцена?

Г-ѓа Гинова-Илковска :  Јас преферирам класичен стил. Со оглед на мојата динамика на работа, убава пантолона ,салонка, свилена кошула и плишано палто ми е фаворит комбинација. Сакам и квалитетни коктел хаљини. Накитот, ташните и марамите ми се моден додаток. Како боја црвената ми е незаменлива. Во однос кон сценските настапи носам дизајнирани хаљини од Антонија Ристовска, и од мојот костимограф Марија Пупучевска.

Фотографскиот материјал кој е искористен во тестот е во сопственост на г-ѓа Весна Гиновска-Илкова.

Благодарност за отстапените фотографии.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР