Честопати претеруваме со внес на шеќер, а за тоа не сме ни свесни …

Нашето тело реагира на прекумерен внес на шеќер и честопати ни испраќа суптилни знаци што може да укажуваат на тоа дека е време да воспоставиме баланс во нашиот организам.

Ова се 3 најчести сигнали кои нашето тело ни ги испраќа како знак дека сме претерале со внес на шеќер.

Зголемена жед за вода

Со зголемениот внес на шеќер, организмот троши повеќе вода за прочистување на организмот од токсини и штетни материи. Поради оваа причина постојано сте жедни.

Постојано сте гладни

Има денови кога константно сте гладни и често пати се приближувате до фрижидерот, дури и по три пати во текот на 2 часа. Ова е јасен сигнал дека сте внеле премногу шеќер во последно време, а гладот се појавил како последица од тоа. Високата количина на шеќер во крвта ја спречува гликозата да навлезе во клетките, а заради недостаток на ослободената енергија, телото чувствува постојана потреба од храна.

Имате проблем со концентрацијата
Високото ниво на шеќер во крвта  го спречува дотокот на гликозата во мозокот. Многу е тешко да се концентрирате и посветите на работењето на вашите деловни одговорности и важни задачи. Ако забележите дека полека размислувате и реагирате, можеби ќе треба да го намалите внесот на шеќерот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо светот на уметноста потребни се нови интриги и нови прашања за уметноста
Следна објаваФестивал на храна во Дубаи – од 26 февруари до 14 март!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР