,,Моите дела можат само мене да ми значат”- Фрида Кало

Со својата силна и помалку ексцентрична појава, мексиканската сликарка Фрида Кало успеа да се наметне како една од најзначајните женски фигури во минатиот век. Најзиното кревко здравје, сепак не ја спречило целосно да се даде себе си и како политички активист и припадничка на феминистичкото движење.

Родена на 6 јули 1907 Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон(Magdalena Carmen Frida Kahlo y Calderón во својата рана младост станува жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај и како последица на истата се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Имено, држач од автобусот ѝ се забил во грбот при што ѝ предизвикал силно крвавење. Тоа ќе ѝ го обележи животот приморувајќи ја на бројни хируршки интервенции. Веднаш по несреќата, откако била пуштена од болницата, била приморана да лежи во кревет со гипс на горниот дел од телото. Оваа принудувачка ситуација ја поттикнала да чита книги во врска со комунистичкото движење, како и да црта (нејзиниот татко исто така бил сликар). Првото нешто кое го насликала било нејзиното стапало кое успевала да го види меѓу покривките од креветот. Оттука изборот на родителите да ѝ подарат кревет со балдахин и со огледало на неговиот таван, за да може да се гледа, како и бои; оттаму започнала серијата на автопортрети. Откако ѝ бил отстранет гипсот, успеала да почне повторно да оди, иако со многу болка која ќе ја поднесува целиот свој живот. Му ги однесла своите слики на Диего Ривера, истакнат ѕиден сликар од тоа време, за да даде своја критика. Ривера бил толку погоден од модерниот стил на младата сликарка што ја зел под своја закрила и ја вовел на политичко-културната мексиканска сцена. Набрзо станува активистка во мексиканската комунистичка партија чиј член станала во 1928 год., учествувала на бројни манифестации, а во меѓувреме се вљубила во својот „водич“ и ментор. Всушност, на 21 август 1929 год. се омажила за Ривера, кој за него претставувал веќе трет брак, и покрај тоа што таа знаела дека со тој брак ќе оди во пресрет на неговите бројни вонбрачни љубовни авантури.

Од својот голем творечки опус, нејзините ,,Автопортрети” го завземаат најзначајното место. Тие се еден вид сведоштво за сопствената перцепција, верен приказ за нејзиниот однос со себе си.

Автопотретот во уметноста се дефинира како одраз на реалноста на уметникот, обид да се пренесе сопствениот лик на сликарското платно. Овој чин не е нималку лесен, бидејќи при неговото создавање авторот прави еден вид самокреација, односно создавање на ,,себе си” со помош на сопствената визуелизација.

Во автопортретите подеднакво е присутен како психичкиот така и физичкиот елемент, и можеби тоа е она што ги прави овие сликарски платна специфични,а во исто време и поттикнувачки за анализирање. Делата на Фрида се натуралистички до тој степен што предизвикуваат и помалку непријатни чувства во окото на набљудувачот.

Ликот на Фрида Кало во модерното време е можеби најприсутнио и воедно најкомерцилизираниот лик на една сликарска икона. Тој е присутен делата на многу современи уметници и артисти кои изработуваат накит и облека.

Издоивме еден мал дел од нејзините автопортрети!

Погледнете ги!

 

 
 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР