Не е суштината во тоа колку брзо ќе стигнете на посакуваната дестинација. Суштината се крие во патувањето.

Така гласи една од финалните редови на 50тиот роман на Стил: секој во Вашингтон ги познава Медлин и Џек Харпер. Меди, како афирмирана и привлечна ТВ репортерка во мрежата на нејзиниот сопруг, кој истовремено е медиумски советник на Претседателот.  Две брилијантни кариери, едно долго партнерство исткаено со љубов… но, позади зад затворената врата на нивниот раскошен дом во Џорџтаун, се перформира сосема поинаква приказна. Еден навидум совршен и успешен брак крие семејно насилство кое не е видливо по Меди – таа нема модринки, ниту лузни; но нејзината психа и покрај нејзината убавина и интелигенција, е жртва на суптилно исмејување, омаловажување, понижување и изолација од страна на нејзиниот сопруг. Меѓу другото, тој бара од Меди да му биде целосно потчинета и ја принудува да стори нешто што е биолошки фатално за секоја жена: да ги подврзе јајниците, за да не би се случило, како што самиот вели, ново производство на бело робје. Типичен пример за неандарталец кој страда од желбата за контрола која секојдневно расте во секакви извитоперени облици.

Патувањето со кое Меди ќе започне да си ги лечи раните започнува за време на една посета на Белата куќа, каде Првата дама (воедно и блиска пријателка на Меди), нуди создавање на платформа која ќе започне борба против насилството врз жените и бара од Меди да биде член на Комисијата. Тука таа дознава дека многу жени ја делат нејзината несреќа, некои дури и многу подраматично од неа, при што Меди активно се вклучува во кампањата, каде членува и Бил Александер, истакнат дипломат кој ја изгубил својата сопруга при киднаперски напад. Продолжувајќи го своето патување, за волја на вистината, Меди открива дека шансата да се биде мајка не и е комплетно одземена, затоа што се појавува нејзината, сега веќе, возрасна ќерка која Меди била приморана да ја даде на посвојување поради лошите услови во предходниот брак. Стил ја резонира оваа ситуација со силно емоционално влијание, иманентно зближувајќи ја со Бил како далечно засолниште кое забранува контакт во контроверзниот свет во кој самата живее.

Сепак, потребен е настан опасен по живот за да се достигне перипетивниот однос кон истиот и да се приближи кон крајот на патувањето: Меди и Бил стануваат директни партиципиенти во немилата случка од 11 Септември 2001… доволно фатално и драматично за да се промени текот на живеење и да се прифати вистинскиот дар на љубов од драг и редок човек. „Патување“ е книга за надежта, за промените, за сите што ќе се осмелат да ја побараат својата слобода и среќа…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСестрите Круз за Loewe
Следна објаваОригами и фотографии | Lombardi и Favilla
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР