Уредетете и декорирајте го домот така, што свечената атмосфера ќе се почувствува веднаш од влезната врата…
Денес постојат многу стилски предлози за тоа како да го декорирате вашиот дом да изгледа елегантно и шик, но не и преполн со декорации. Не треба да нагласиме дека не е потребно тематски да се мешаат различни декорации, за да не се создаде една панаѓурска атмосфера. Одлучете се за комбинација од две бои максимум, на пример, златна или сребрена, или традиционалните црвено-зелена, така што вашиот ентериер ќе “мириса” на Нова Година и Божиќ на луксузен начин.
Важно е да се внимава и на најситните детали. Имајте на ум дека во празничниот дух мора да бидат и вашите свеќи, свеќници, подметачи за чаши, покривки, салфети и декорацијата за маса.