1

Ви претставуваме визуелизација на трособен станбен простор со површина од 102 метри квадратни, уреден наменски за потребите на младо семејство. Се карактеризира со примена на смели бои и дезени во ентериерот, а секоја зона има посебна палета на светли, темни и богати тонови. Во дневниот престој доминантни се виолетовата и жолтата – необичен и екстравагантен тандем, а истовремено пријатен за окото. Спалната соба ги комбинира тиркизната, кафената и класичната бела боја, што се покажува како одлично решение за катчето за одмор и релаксација. Цветните дезени и неутралните тонови се изборот за бањата, која е стилизирана многу убаво и со вкус. Детската соба, пак, воодушевува со креативноста, игривоста и забавните парчиња мебел. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од дизајнерските идеи кои ги нуди овој прекрасен семеен стан. Проектот е дело на студиото EEDS.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈетон Алији | Мистичниот Полог
Следна објава[Филм] Педесет нијанси црно
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ