Тагата е неописливо голема откако не напушти едно големо име од големото платно, Алан Рикмен.
Покрај големите улоги кои ја обележаа неговата кариера, мораме да се согласиме дека кулминацијата беше серијалот Хари Потер, во која Алан вложи една деценија. Никогаш нема да заборавиме на професорот Снејп, на неговата прекрасна личност, на неговите жртви.
Алан Рикмeн ќе остане дел од многу детства, од многу животи и сигурни сме дека неговата работа ќе ја погледнат и новите генерации, ќе учат од неа и со малку надеж ќе влијае врз нивното созревање во млади индивидуи со вистински животни вредности.
За да го обележиме постоењето на Рикмен, во прилог ќе оставиме неколку негови цитати, за неговиот живот, за актерството, како докази на неговата прекрасна личност.
– „Талентот е инцидент на гени – и одговорност“