“Game of Thrones” е сигурно една од оние серии кои ќе се паметат долго откако ќе завршат. Тоа е така не само заради содржината и ликовите, туку и заради прекрасните локации кадешто се снима серијата. Во продолжение погледнете ги најдобрите 5 локации од популарната серија кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот.
5. Есуира, Мароко

Измислените градови Meereen, Astapor и Yunkai се едни од најегзотичните локации прикажани во серијата, а вистинскиот град Есуира е исто толку импресивен.
4. Дубровник, Хрватска

Веќе во втората сезона, Дубровник го замени Мдина за познатиот King’s Landing, а неговите ѕидини станаа инстант хит. Ако се уште не сте го посетиле Дубровник, сега е вистинско време.
3. Алказар, Шпанија

Во земјата Dorne во петта сезона, фиктивниот град Sunspear има голема улога во приказната, а оваа палата е претворена во идеална луксузна палата за принцoвите Oberyn и Martelle.
2. Мдина, Малта

Мдина е една од првите ѕвезди на серијата- прекрасен историски град кој има што да им понуди на туристите кои сакаат да истражуваат.
1. Кордоба, Шпанија

Го знаете слободниот град Volantis? Тоа е всушност Кордоба. Во серијата посебно се истакнува по прекрасниот мост кој ги спојува двeте половини на градот.






![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)







