Денес ви презентираме една интересна апликацијата која се вика MarkO. Апликацијата има доста лесно и едноставно корисничко искустуво, како и Material дизајн. Она што е интересно да се напомене е дека апликацијата се наоѓа на порталот – Мaterialup, кој претставува најголем агрегат на мобилни апликации со најдобри дизајни според правилата на Google, односно апликации со Material дизајн.Во моментов MarkO има Бета верзија која се разликува од продукциската верзија во дизајнот, при креирање на потсетниците. Во продукциската верзија корисниците сами ги креираат своите потсетници, додека во новата Бета верзија со помош на вештачка интелигенција, MarkO е оној којшто ги дава најдобрите предлози за локацијата, времето и пријателите на корисниците.
“Oсобено сме задоволни и горди на тоа што MarkO исто така го креиравме и за Android Wear, со сите трендови и според сите правила на Material дизајн. ” изјавија од тимот на MarkO




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










