
Со живописните и пространи панорамски глетки на крајбрежјето и морското синило, овој спектакуларен имот во Велика Британија е навистина магично место за престој. Се извишува на мал приватен остров близу морскиот брег, нудејќи чувство на неограничена слобода, интима и задоволство. Дочекува во пријатен амбиент, чиј внатрешен дизајн е фузија на опуштениот њујоршки призвук и софистицираниот морски луксуз во ентериерот, давајќи му романтична и шик нота. Палетата од темно сини, јаглен сиви и тонирани неутрални нијанси создава смирувачки ефект за опуштање и релаксација на сетилата. Влијанието на крајбрежните пејзажи се огледува и при изборот на мебелот, кој ги комбинира флуидноста на формите со сплетените текстури кои неодоливо потсетуваат на рибарските мрежи. Уживајте во глетките!

































