Модерно и без премногу детали – овој едноставен и интимен животен простор има се’ што е потребно за пријатен престој, а притоа изгледа мошне непретенционзо и минималистички. Станува збор за мини стан во Москва, за чие проектирање била задолжена руската дизајнерка и уметница Наталья Акимова. Во модерниот ентериер нагласен е контрастот помеѓу светлите и темните тонови, оддавајќи впечаток на скромност во шик пакување. Секој аксесоар, текстура и декорација му дава карактер на домот, кој не е дизајниран да импресионира, туку е наменет за едноставни луѓе со минималистички вкус. Кујната, спалната соба, бањата и ходникот се стилизирани во црно-бела комбинација, разиграна со ѕидни тапети со цветен дезен во гардеробата и претсобјето. Подот од светло дрво, личните детали и меките ткаенини придонесуваат за лежерна и удобна домашна атмосфера. Целиот стан е компактно уреден, со еднаквост, хармонија и инспирација од скандинавскиот стил. Мал стан за голем човек!