001

Кога првпат ја здогледала, сопственичката на оваа прекрасна куќа останала воодушевена од нејзиниот магичен изглед. Денес, пак, нејзината кантри идила изгледа поволшебно од кога и да е. Иако е комплетно реновирана и преуредена, задржана е есенцијата на рустичниот стил во градбата, во која вистински предизвик е да одлучите што повеќе ве примамува во амбиентот: дали е тоа старинскиот шарм на ретро мебелот и антиквитетите, или, пак романтичната атмосфера која ја создаваат мноштвото цветни декорации и дезени. Уредена е со многу љубов и душа, па во секое катче се чувствува топлина, живост, позитивна енергија и радост, внесени преку внимателно избраните детали. И во ентериерот, и во надворешноста се празнуват убавите ведри бои и сончевата светлина, гарантирајќи уживање во текот на целата година. Нежните флорални мотиви ја пресликуваат природата во внатрешноста, а големите прозорци и пристапот до живописната градина, комплетно ја доближуваат со се’ она што се случува надвор.

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

18

19

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПојадок низ светот
Следна објаваЏиновски книги | Kansas City Public Library
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР