Да препорачате голем автор е лесно. Да препорачате помалку познати или потценети романи од нивниот класичен репертоар, од друга страна, е значително отежнато. Зошто се навлекуваме единствено на препорачаните и ценети наслови? Зошто не си дозволуваме себеси еден љубопитен ветер на истражување на останатите дела во нивниот опус, чисто поради давање шанса за почитување?

Во прилог, следуваат неколку примери кои не успеале да го добијат своето признание што богато го заслужуваат – знаејќи дека дел од читателскиот свет нема да се согласи, но дел од истиот ќе потврди со одобрување.

THE CLERGYMAN’S DAUGHTER – Џорџ Орвел

1.

Тука ќе откриете дека ова е неговиот прв роман на кој самиот се потпишал како критичар и го оценил најужасно, оставајќи инструкции дека не сака неговото дело да се слави по неговата смрт – овој факт говори дека сам за себе, човек е најладнокрвен критичар. Во дополнение, оваа депресивна ера за наивни работници кои завршуваат на улица ако подлегнат на болест, совршено се поклопува со вистинитоста на ова потценето дело. Очигледно дека низ овие страници на „Ќерката на свештеникот“ недостасува вообичаената луцидна проза на Орвел, но овој роман е повеќе експериментален, допира до прашањата на класите кои повеќе припаѓаат на социјалистичките дела.

THE ADOLESCENT – Фјодор Достоевски

2.

Избегнуван од многу научници во 1857 година, овој роман продолжува да го поларизира мислењето на академиците дури цел век по неговото објавување. Некои сметаат дека оваа книга е недостојна да го носи потписот на Достоевски затоа што не може да ги постигне филозофските височини на „Идиот“, додека други велат дека непредвидливиот трансфер на комедија и драма во една ниска клучна тема на раманот е апсолутно неприфатлива. Едно копиле на земјопоседник кој трча по секое здолниште го шири своето семе во повеќе од земјоделска смисла е вештината на Достоевски да дозволи да избие еден внатрешен немир на еден млад човек, адолесцент, да ја најде смислата за пронаоѓање љубов во пеколот и бегство кон мирот, и да направи ова дело сепак да важи за скапоцен, потценет камен.

HARD-BOILED WONDERLAND & END OF THE WORLD – Харуки Маруками

3..

Доколку сеуште сте под импресии на „1Q84“, не помислувајте да тргнете на пат по истите страници, кон ова невешто име на книга која го носи името на вештиот автор. Единствено може да си замислиме дека звучи подобро на јапонски – краток роман, објавен две години пред меѓународно признатата, „Норвешка шума“. Сторијата се врти околу две тутиларни приказни: едната е земјата на чудата (со термин позајмен од Raymond Chandler, за „тврдо-варена“) и крајот на светот, пакување на филозофски уред од еднорози и колектори на соништа.

THE FACTS IN THE CASE OF M. VALDEMAR – Едгар Алан По

4.

Во суштина, повторно кратка приказна наместо соодветен роман, но сепак сурово занемарено книжевно достигнување. Да се чита како вистина научна сметка, во врска со еден хипнотизер кој става човек во транс малку по неговата смрт – објавена во јавност на страниците од New York periodical во 1845 година. Само како додавање на овој срам, По не одлучи да го смести овој роман во своите фикции. Најверојатно поради изгледот на приказната, затоа што истата ретко се спомнува во ист впечаток како останатите негови стории на авторот. Иако сте во потрага да истражите повеќе од господарот на грозните приказни, постојат поубави показатели од „Фактите во случајот на М. Валдемар“.

PUDD’NHEAD WILSON – Марк Твен

6.

Набрзина напишан за да парира на своите истовременици, овој роман на Твен наиде на многу негодувања, иако беше прво од серијалот објавен во Century Magazine. Не дозволувајте тоа да Ве обесхрабри – приказната се одвива во три различни децении, дополнети со омилените теми на Твен: ропство, расисам, човечко настојување и раѓањето на Америка, повторно во една моќна приказна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПортер – првото куче кое знае да вози
Следна објаваПриказната за Кајл
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР