„Јас сум човек од страсти… да споменам само еден пример, имам повеќе или помалку неодолива страст за книги и постојана желба да се подобрам себеси – да учам, ако сакате, споредете го тоа со потребата да се јаде леб. Така ќе ме разберете.“

– Винсент Ван Гог на неговиот брат Тео,
Белгија, јуни 1880 година

Како страствен читател, Винсент Ван Гог во своите писма кон Тео, колегите уметници Антон Ван Рапард и Емил Бернар често употребува референци за книги. Литературата како една од главните извори на интелектуален и уметнички развој на еден уметник, нуди лекции за животот, објаснување или потврда за направените избори, па дури и пронаоѓање утеха. Освен тоа, истите се користат како студиски материјал, како извор за инспирација за уметничка работа. Со цел целосно да се разбере неговата потреба од книги, важно е да се истражи литературниот извор кој што го инспирирал – The Van Gogh Museum го години ги проучувал писмата на големиот уметник, кои содржат над 800 референци за литературни творби потпишани од 150 автори. „Три романи“ е необичен показател на оваа констатација. Погледнете го видеото кое го вклучува истражувачот Louis van Tilborgh за да дознаете повеќе информации за познатата слика.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХипер – реалистични жени на платно
Следна објаваНаправи сам | Честитка за мама
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР