Да докажеме дека можеме, сакаме и умееме да помогнеме. Да докажеме дека хуманоста ја има во секој од нас! Да не дозволиме да згасне нечиј живот, да не дозволиме злото да застане на животниот пат на еден млад човек!

01

Под мотото ,,Младите можат, младите сакаат и младите помагаат’’, учениците од средното училиште ,,Васил Антевски – Дрен” ве покануваат сите, млади и стари, но пред се’ хумани, на големиот хуманитарен хепениг ,,Разбуди ја хуманоста во себе!“. Настанот ќе се одржи во понеделник (24.февруари), со почеток во 19:30 часот, а сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на младата Симона, девојката која храбро му се спротистави на ракот со операција, хемотерапија и радиотерапија, но има потреба од дополнителни финансиски средства за да направи pet scan, преку кој ќе дознае дали ја победила болеста.

Влезниците се по симболична цена од 50 денари, а за сите хумани срца учениците и нивните пријатели подготвија убави содржини:
• Настап на училишните бендови
• Модна ревија поддржана со модни креации од младата и успешна дизајнерка Ирина Тошева и модни додатоци од Design and berries
• Претстава ,,Како да (не) се ослободите од шефот ”
• Трик со карти, изложба на рачни изработки и креации на учениците
• Mаици и постери од #Омајгад

Бидете дел од хуманитарната акција – дојдете да помогнете, да донирате и да и дадете поддршка со вашето присуство на младата Симона. Разбудете ја хуманоста во себе!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Временска релативност
Следна објаваСпомените на Isabelle
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР