Настанувањето на Денот на вљубените е поврзано со различни легенди и толкувања. Едната легенда е дека триста години по смртта на Исус Христос, римските императори на 14-ти февруари го убиваат христијанскиот свештеник Валентин. Валентин бил убиен поради неговите проповеди и големата приврзаност од народот. Пред да биде убиен тој направил чудо, направил една слепа девојка да прогледа и пред да умре и напишал писмо за разделба потпишувајќи го „Од твојот Валентин“.

Според друга легенда, Валентин бил италијански бискуп кој бил затворен бидејќи тајно венчавал двојки, спротивно на законите на римскиот император. Наредбата била војниците да остануваат ергени сметајќи дека така целосно ќе бидат посветени на Рим. Валентин не ја почитувал таа одлука и тајно ги венчавал, поради што бил убиен на 14 февруари. По неговата смрт, тој бил прогласен за светец. Со ширењето на христијанството низ Рим, празникот поврзан со плодноста, Луперкалија од 15 февруари бил преместен на 14 февруари и преименуван во Денот на вљубените во чест на Свети Валентин. Официјално овој ден е прогласен за Ден на вљубените во 496 година од страна на папата Гелазиус.

Денес, Денот на вљубените е славен низ целиот свет, не само кај католиците. Околу 1 милијарда картички се испраќаат за Денот на вљубените – доказ дека 14-ти февруари стана празник на љубовта. Постои верување дека на овој ден птиците ги избираат своите партнери, а обичајот за барање на својата друга половина токму на овој ден бил особено раширен низ Европа во средниот век.

Без оглед на потеклото и значењето, овој ден нека Ви биде потсетник дека треба да ја покажете својата љубов.

Среќен Валентин!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудесна идила во Швајцарија
Следна објаваНа кој му е потребна перница?
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР