Постојат многу дефиниции и теории околу тоа што е тоа љубов. Причината за тоа е фактот што секоја личност има свое сопствено искуство со љубовта, а со тоа и свое гледиште. Факт е дека не постои цврсто одредена дефиниција со која може да се опише љубовта. Всушност, кога би ги собрале сите мислења кои луѓето ги имаат за љубовта, би добиле книга што се надополнува се повеќе со секој ден.

Она што со сигурност се знае за љубовта е дека таа е основен фактор за опстанокот на човештвото. Таа може да биде нечие спасение, причината поради што многу луѓе се откажале од животот, па дури и причина за најголемите војни во историјата. Нaјдобар пример за тоа е војната помеѓу Спарта и Троја, војна која избувнала поради надприродната убавина на принцезата Хелена.

Љубовта не познава граници. Таа доаѓа во разни форми и големини, и те напаѓа кога најмалку ја очекуваш. Таа не се состои само од еден човек и една жена во нивната љубовна врска, туку допира насекаде и се состои од се и секого. Љубовта може да биде изразена кон семејството, пријателите, работата, верата, татковината… Со еден збор, љубовта е сеопфатна.

Љубов не значи само да сакаш, или да бидеш сакан. Тоа е целина од едното и од другото. Да ја разбираш љубовта значи да имаш свој став кон неа, да сфатиш дека во неа не постојат победници или губитници, постојат само оние кои ја барале на погрешно место, и оние кои не биле доволно храбри да ја бараат и да го сфатат нејзиното значење. Онаму каде што постои недостаток на љубовта, таму влегува омразата.
Омразата, всушност, и не е ништо друго освен недостаток на љубов. Исто како што темнината е недостаток на светлина, или пак како што студот е недостаток на топлина, така може да се објасни омразата. Таа може да произлезе од преголема љубовна болка или потполно отсуство на љубов.

Сфаќањата кои луѓето ги имаат за поимот љубов се интересни на свој начин. Како и да е, како и секоја  личност на овој свет, моето мислење за љубовта е несекојдневно и интересно на посебен начин. Љубовта ја сфаќам како основна животна цел на секое човечко суштество. Покрај остварувањето на нашите соништа, наша цел е да ги пронајдеме луѓето кои ќе не сакаат и ќе ги сакаме. Тоа се луѓето за кои вреди да се продолжи по патеката која ја нарекуваме живот.

–      Јован Лешев

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд желба до гордост | The Bell’s whisky
Следна објаваПролетна колекција од Zara Home
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР