01

По прекрасната зимска понуда во убави бои, американскиот производител на мебел и декор Pottery Barn одново воодушевува, овојпат со новогодишната и божиќната инспирација, спакувана во најновиот каталог со производи од брендот. Вистински празник е за очите во пресрет на убавите прослави, а нуди неколку различни стилови за свечено украсување на домот, со мноштво идеи за блескав изглед и топла атмосфера во семејната оаза. ,,Luxe Lodge’’ и ,,Ski Lodge’’ ја нагласуваат рустичната нота во декорирањето, во комбинација со суптилен луксуз во домот – за топол, пријатен и секогаш примамлив амбиент. За таа намена, како тандем умешно се споени земјените тонови и дрвените текстури, со неочекувани луксузни детали – подеднакво и внатре, и надвор. За посебен шарм на елката, предлогот е микс на класичните орнаменти, со забавни и разиграни акценти, стилски вклопени со декорот на околните катчиња, за хармонично чувство во целиот дом. И се разбира, има ли нешто поубаво од уживањето во празничната магија во домот, обвиткани со удобна, мека и топла прекривка? Инспирирајте се од топлата зимска приказна, и пронајдете ја омилената идеја за внесување на празничната идила и во вашиот дом.

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Новогодишна винтиџ декорација
Следна објаваТипокујна: Изложба на македонски фонтови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР