01

На прагот на зимата, во пресрет на магичната празнична атмосфера во студениот декември, светските производители на мебел и аксесоари за домот веќе ги претставуваат своите зимски колекции. Натпреварувајќи се со убавината и оригиналноста на предпразничните каталози, секој од нив нуди одлична инспирација за уредување на домот, во духот на зимата, но и на престојните празнични денови. Популарната американска компанија Pottery Barn, понуди ведра и разиграна визија за ова годишно доба во домот, првенствено за младите, со многу весели бои и пријатни текстилни дезени. Покрај препознатливите бела, зелена и бордо нијанса, цела палета од интензивни бои, светли тонови и нежни пастелни нијанси ја сочинуваат колоритната шема во најновата брошура. Дрвени допири, топли прекривки, шарени принтови и многу слатки празнични мотиви. Која е вашата омилена комбинација?

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР