Според календарот на Маите, на 22 декември 2012 година, требаше да се случи катаклизма, катастрофа, крај на светот. И дојде 22 и помина, помина и 23 и ништо не се случи. Дури некаде на 24, попладне, на Ројтерс се појави вест дека светот преживеа, дека, сепак, Маите згрешиле и, фала му на бога, не биле во право. Освен…освен што ги снема сите Македонци од целиот свет. Сите Македонци од сите континенти, сите освен шест. Овие шест биле на пикник, на планината Алшар и останале живи. Е токму тие тројца мажи и три жени играат во претставата. Тие шестмина веќе 6 години настапуваат по Европа и ја раскажуваат духовната историја на својот народ. Или,барем, онолку колку што можат да го сторат 21-те вековни Македонци. Денес е 10 јуни 2018 . На својата турнеја по Европа тие стигаат во Скопје за првпат од катастрофата. Оваа изведба е токму тој нивен настап.

Режија: Сашо Миленковски

Сценографија: Тихомир Спировски

Костимографија: Тихомир Спировски

Музика: Народна

Улоги: Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Игор Ангелов,

Претставата ,,2012 – последните Македонци’’ имате можност да ја погледете вечерва со почеток во 20 часот на сцената на Драмски театар – Скопје.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Дождовна романтика
Следна објаваЗима во убави бои
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР