После две недели напорна работа, од првата Типокујна работилница произлегоа 12 новопечени фонтови со македонска кирилична поддршка. Авторите имаа можност да го научат процесот на креирање сопствен фонт и се надеваме и во иднина ќе продолжат да ја збогатуваат базата на македонски фонтови.
Дојдете во среда, 19:00 часот во Архитектонскиот факултет да видите какви типографски јадења ви спремале:
типографски јадења ви спремале:
Вања Штркова
Небојша Гелевски – Бане
Александар Пешевски
Милан Стојанов
Мики Стефановски
Игор Делов
Анастасија Манасиевска
Александра Новеска
Влатко Ристов
Мартин Ковачки
Ирма Велковска
Анке Клајн
Марија Ветероска
Ико Илиевски
Елена Ѓорѓиевска
Ѓорѓи Јаневски
Исак Вишњиќ
Сања Спасовска
Коста Лазаревски
на чело со Ласко Џуровски
Голема благодарност до студио ТОТЕМ со печатењето на промотивните материјали за целиот настан, Полиестердеј кои ни излегоа во пресрет со печатењето на плакатите за изложбата, , Архитектонскиот факултет кој несебично ни ги отстапи своите простории (како за работилницата, така и за изложбата) и сите CX членови што помогнаа во организацијата.
Типокујна е десетдневна типографска работилница во која учесниците имаа можност да научат како да креираат свој фонт. Работилницата е организирана од страна на Creative Exchange во соработка со Ласко Џуровски и Архитектонски факултет. Повеќе инфо: www.cx.mk