На 14-ти и 15-ти декември од 12:00 до 19:00 часот во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар (АКСЦ) ќе се одржи Арт Маркет каде што ќе се изложуваат дизајнерски производи, уметнички дела, еко арт продукти и книги.
Учество на овој дводневен настан ќе земат авторите: Санда Миева, Дарко Трпчески, Олгица Стојковска, Карас Иван Јовановски, Блашка Ми Ева, Мартина Трпческа, Мартин Младеновски, Елена Станковска.
Исто така во склоп на овој настан, ќе бидат изложени и делата кои беа насликани на претходните настани на Синестезија.