01

Се’ e подготвено за дочек на престојните новогодишни и божиќни празници во овој прекрасно уреден скандинавски дом. Куќата е сместена во Данска, а восхитува со снежно белата божиќна атмосфера со која топло дочекува во внатрешноста, украсена многу лежерно, природно и во смирен тон. Скандинавците се познати како љубители  на едноставноста и користењето природни билки и декорации во животниот простор, па ниту овој дом не е исклучок од препознатливиот нордиски стил на уредување. Белата елеганција и минималистичкиот декор се одлично избрани и искомбинирани, давајќи му славеничка и по малку магична нота на амбиентот, кој е стилизиран со многу вкус и во сензуален празничен тон. Монохроматската хармонија доминира во ентериерот, додека декорациите ги сочинуваат префинети и романтични детали кои внесуваат суптилен сјај во собите. Карактеристичната нордиска белина, во тандем со ненаметливите зелени и црни акценти, како и комбинацијата на кристални допири со амбиентални свеќи, креираат навистина бајковита атмосфера во домот. Погледнете ги фотографиите во продолжение, и одберете ја омилената празнична идеја за вашиот дом во пресрет на зимските прослави.

03

02

05

10

07

06

04

08

09

12

11

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | После средбата со тетка ми
Следна објаваОблека за трофеи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР