Компанијата ПАКОМАК, со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад, распишува награден конкурс „Trash for аrt“. Готовите уметнички дела треба да бидат доставени во зградата на Градежниот факултет во Скопје, од 16 до 18 декември 2013, во периодот од 10 до 18 часот, а победникот во секоја од двете категории, ќе се закити со вредна парична награда од 50 000 денари.

„Trash for art 2013“ трета година по ред е организиран од Пакомак, а овој пат е поддржан и од ПроКредит Банка. Како и минатата година, наградниот конкурс е отворен за 2 категории: поединци и училишта (основни и средни). Во секоја категорија ќе бидат поделени по 3 награди (парични награди од по 50 000 денари, 25 000 и 15 000 денари). Основните училишта дополнително може да учествуваат и во посебна категорија за изработка на штедна касичка од амбалажен отпад, а за она училиште кое ќе изработи најубава штедна касичка следува специјална награда од ПроКредит Банка.

Во креирањето на делата може да се употреби следниот амбалажен отпад: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, обвивки и сл. Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см.

„Пакомак со оваа активност сака да ја разбуди креативноста кај луѓето и да ги инспирира да создаваат интересни уметнички дела, со цел да укаже на важноста од едукација на населението за селектирање и рециклирање на отпадот. Минатата година на конкурсот имавме голем број учесници и над 210 пријавени уметнички дела, и сега ги покануваме да учествуваат сите поединци и сите училишта, при што обезбедивме по 3 награди за најуспешните дела во секоја категорија. Ги повикуваме сите да размислуваат надвор од границите, да ја разбудат својата фантазија, да создадат уникатни уметнички творби и со тоа да и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот, бидејќи грижата за животната околина зависи од сите нас ”- изјави Филип Ивановски, директорот на Пакомак.

Компанијата “ПАКОМАК” е прва во Македонија која од Министерството за животна средина и просторно планирање доби дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи и е единствена компанија која што ги има правата правата за користење на логото “Green Dot” за територијата на Македонија. Таа претставува над 630 македонски компании и работи на исполнување на националните цели за количините амбалажен отпад кои овие компании ги пуштаат на пазарот. Крајна цел на ПАКОМАК е намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на постоечките депонии, рециклирање на над 60% од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМала семејна куќичка
Следна објаваПотсетување на човековите права | Walker Agency
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР