Поетски авто-портрет во кој тлее чувство на полу-човечност и нова филозофија: предговорот на Хесе е раскажан во прво лице еднина, каде нараторот цели кон историското запознавање со волкот од степите, имено познат како Хари Хелер, човекот кој изнајмува 52 соби од горниот кат на куќата во сопственост на тетката од нараторот. Срамежлив, див и осамен – навидум со потекло од сосема друг свет; Хари во суштина е еден тивок и љубезен потстанар кој се грижи да остане далеку од љуботините очи.
Како што нараторот суптилно го запознава читателот со Степскиот волк, истиот не може да го заобиколи фактот на неговата интелектуална надареност и емотивна длабочина, и покрај неговиот неуреден концепт на живеење и неостварена кариера. Утра поминати во сон и денови исполнети со историски книги, меѓу кои бројчано надмоќни, неколку томови на германската поезија; имено последица на неговата хронична несоница и лошо варење. Почетната авто-омраза кон Хари од страна на нараторот, видно преминува во сочувство – се до моментот кој зафрлениот живот на главниот протагонист не го засени друштвото на атрактивна млада дама. Еден ден, Степскиот волк исчезнува, а дури ни нараторот нема идеја кај би можел да биде. Она што Хари Халер го остава позади себе е еден единствен ракопис, кој евидентно е перцепиран како длабоко проблематична умствена состојба, но истовремено и како болест на целото општество.
Книгата која му беше подарена на Хари за неговиот 50-ти роденден, денот кога тој ги започна своите размисли за суицидален акт, насловот сочинет од „Расправа за степскиот волк“ и познанството со дамата која го води до самите магрини на себе-осознавањето, доведувајќи до психички пад поттикнат од низа пороци, води кон бизарен пресврт како наговестување на крајот на романот. Стил на пишување кој воодушевува со достапност, расфрлани идеи за животен концепт кој потсетува на источната филозофија, застапена во неговата „Сидатра“, кои практично укажуваат на тоа дека човек не треба да се плаши да живее; и дека „само кукавицата е способна да посака да умре, наместо да живее“ додека „кутар е оној човек чии задоволства зависат од волјата на другите луѓе“…
Вонредна смисла на човештвото која иницира ригорозно себе-испитување и обвинување на своевремената интелектуална хипокризија: приказната на себе-перцепирањето како половина човек, половина волк во насока на хуманизација, истовремено најчитаниот и најнесфатениот роман на Хесе, дали поради својата психолошка длабочина или поради литературната насилност, оставаме на Вас да одлучите.