Располага со површина од скромни 40 м2, но е совршен пример како и не толку големите и масивни станови можат да изгледаат убаво и функционално, а истовремено да се пријатни и удобни за живеење. Добриот распоред и организација се клучни за станбените катчиња кои се со лимитирачки мал простор, а во овој мини дом тоа е многу вешто постигнато, така што е поделен на две зони со рационален дизајн и паметни решенија во уредувањето: во едната се интегрирани кујната и трпезаријата, а во другата, во отворена целина сместени се дневната и спалната соба. Белите ѕидови, ормари и светлиот под му даваат светлост и свежина, додека занимливите оригинални детали како аквариумот во ѕидот и уникатните винтиџ фотелји внесуваат многу топлина, стил и шарм. Акцентираниот ѕид со цигли совршено се вклопува во белото опкружување, а она што остава најсилен впечаток е начинот на кој е украсен целиот простор со мноштво прекрасни цветни аранжмани и декоративни билки. Пресладок дом во малку квадрати, кој инспирира со својата нежна и софистицирана убавина…

2

1  3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБудење на детето во Вас | Светулки
Следна објаваГрадот на лавовите | 26 – 40 метри под вода
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР