Секогаш се чувствував исто крај тебе,
Непријатно.

Како непоканет гостин во растурена соба,
како стомачен вирус,
летна настинка,
телефонски повик во незгодно време.

Непријатно како
недостаток на пари пред да платиш на каса,
повик за некаде каде и во кошмар не сакаш да одиш,
пукање на патент на важен состанок,
доцнење во полна сала,
паѓање од точак на сред улица или
снемување на бензин на главна раскрсница.

Секогаш се чувствував исто крај тебе
непотполно како
кога ти фали
еден стих да мислиш дека е совршено,
пет минути за спиење,
уште минута гушкање,
сто евра за патики,
илјада за одмор,
една петка за одличен,
десетка за просек за кредит.

Секогаш се чуствував крај тебе,
како залуден девиш во транс,
екстаза по прва голтка вода по трчање,
пијанство од највкусен вранец,
камин после -10 на ладно,
како стих од никаде за да е совршено,
најдрагата песна на радио,
исплата на плата на први,
совршена крвна слика,
најубав роденденски поклон,
наградно патување и
неочекувано заљубување.

Секогаш се чувствував крај тебе неочекувано
како шамар од непознат правец,
тресок на прозор при промаја,
грмотевица од ведро небо,
неочекувано будење на мојата живост,
миг на среќа
кој сакаш да трае .

И повторно како непоканет гостин во растурена соба.

 Смаќоска Мира

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAccessorize | Модни додатоци за оваа есен/зима
Следна објаваЕдиторијал | Close-up
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР