Животот ретко ни дозволува луксузни моменти за да го правиме она што го сакаме – дали е тоа кафе со пријателите, посетување изложби, поминување време со милениците, празнување на важните датуми во животот или едноставно, уживање во добра музика, филм или книга – секоја една од овие работи е мало животно задоволство кое си го дозволуваме од време на време, со настојување да го претвориме во навика. Без да бидеме свесни дека убавината е всушност, затекната во реткоста на тие моменти. Фотографот Giuseppe Grimaldi со својата црно-бела композиција “Остатоците” го дефинира моментот на мала животна радост: украден миг за уживање во добра книга.