Обично, луѓето сакаат да се навраќаат на работите што ги прават среќни – независно дали е тоа песна која е ставена на repeat цел ден, комичен филм кој со радо срце го гледаат неколку пати или омилената серија која секогаш успева да ги расположи. Исто така, велат дека со повторното искусување на нештото, истото станува подобро, појасно, позначајно. Сигурно сте слушнале дека повторувањето е мајка на знаењето: откако откривме дека повторното читање на книгите е добро за здравјето, решивме да продолжиме со истражување околу тоа кои типови на книги најчесто се препрочитуваат… по вторпат, третпат итн. Следува кус прашалник кој ќе ни ги даде одговорите:

1

– дали во Вашиот живот сте се сретнале со книга во која сте се заљубиле и на која секогаш ќе ѝ чувате посебно место во Вашето срце?

– дали можете да издвоите барем еден наслов кој практично Ве тера да се смеете, одново и одново?

– дали Ви се случува одреден дел од серијал на книги да излезе реално доцна по последниот, така што мора да се потсетите на предходните делови?

– дали понекогаш избирате книга/книги од конкретен автор кој совршено одговара на Вашиот вкус, така што не може да си помогнете и се потсетувате, одново и одново?

– дали сте спремни да се соочите со фактот дека една добра љубовна приказна никогаш не излегува од мода?

– дали се сложувате дека среќавањето со одредена љубовна приказна во конкретен и маркантен период од историјата е просто, неминовно?

– дали класичните книги го менуваат значењето како што Вие растете, созревате, стареете?

– дали мислите дека Готвачот спаѓа во оваа категорија, затоа што истите редовно се на листата за препрочитување?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMecanoo Library | Бирмингем, Англија
Следна објаваNike Sportswear за оваа есен/зима
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР