„Можам да те замислам на 40 години“, рече таа, со злобна наговест во гласот. „Можам да те замислам во моментов“. Тој се насмевна, без да ги отвори очите – “Продолжи тогаш.“.

Оценета како „првата најдобра чудна љубовна приказна по „Сопругата на патникот низ времето“, брилијантна книга за јазот помеѓу „она што бевме“ и „она што сме““, книгата започнува на 15 јули, 1988 година, кога Ема и Декстер се запознаваат на заедничката дипломска забава. Но, од утре – тие мора да продолжат со своите животи. Каде ќе бидат на годишнината од овој ден? На следната? На секоја година што следува?

„Знаеш што не можам да разберам? Иако сите ти велат колку си прекрасна, паметна и интересна, талентирана и се’ тоа, мислам бескрајно – и јас сум ти кажувал, со години! Па зошто не би верувала? Зошто мислиш дека луѓето ти ги зборуваат тие работи, Ем? Дали навистина мислиш дека тоа е заговор, дека луѓето тајно заговараат да поверуваш во тоа?“

Девојката со ум и мал џепарлак го симпатизира богатото момче со години – новородено, неочекувано пријателство со една непобитна хемија каде што гордоста, негрижата и неоправданиот оптимизам на младите без оглед на времето не дозволуваат неприликите да ги одвојат еден од друг. “Еден ден“ се однесува на 15 јули секоја година, со еден вонреден пресек на животите кој се случува од 1988 до 2007 година. Најпрвин во Единбург, а подоцна во Лондон, Николс со префинета прецизност ја воскреснува нивната врска преку целодневни средби, кои наскоро ќе доживеат растегнување на нивните ставови. Ема останува идеалист, иако се бори со сопствениот социјален ранг преку неуредна работа сепак е повредна од Декс, кој има своја нискобуџетна ТВ емисија од свој каприц. Но, работите никогаш не остануваат во свој статус кво… барем не целосно.

„Ќе ти кажам што ми е. Тоа е… кога не те гледам, мислам на тебе секој ден, мислам на тебе на оној или овој начин.“. – „Исто и јас, Ема…“. – „Дури ако само помислувам „би сакала Декстер да можеше да го види ова“ или „Каде е Декстер сега?“ или пак, „оној идиотот Декстер“. Знаеш што сакам да ти кажам. И кога те гледам денес, добро, јас мислев дека ќе се вратиш – дека ќе се врати мојот најдобар пријател. А сега сето ова, твојатата свадба, твојата бремена вереница… ох, Декс, јас сум многу среќна за тебе, но се чувствувам како да те губам повторно.“.

Коми-трагична приказна во рок од 20 години, книга за флертот, пријателството и созревањето додека ние се менуваме, и како остануваме исти. Како го даваме најдоброто од себе додека го земаме најдоброто од другите, исто онака како што позајмуваме кога немаме, а даваме што имаме повеќе… Мудра, смешна, перцептивна и внимателна. Неподносливо тажна. Суптилно раскажана и фокусирана лекција, оцената од NY Times како најдобар британски социјален роман. Дали Декс и Ема ќе успеат да бидат заедно пред да биде премногу доцна? „Љуби и дозволи да те љубат – ако некогаш добиеш шанса за тоа, искрено одговара Николс…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖаби кои не добиле бакнеж од принцеза
Следна објаваВикендичка за магични мигови
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР