1Знаете ли колку ви е потребно за да го имате домот од соништата? Многу малку, би ви рекла триесет и петгодишната Софија, чиј убав дом е сместен над гаражата на нејзините родители, во доградба со вкупна површина од минимални 35 метри квадратни. Иако со скромни димензии, ова катче комплетно ги исполнува нејзините желби за дом во кој ќе го живее својот сон, па така е и уреден, со личен печат кој целосно ја изразува нејзината индивидуалност. Притоа, се’ е функционално адаптирано да одговори на животните потреби, и секој метар квадратен е максимално искористен. Снежно белиот ентериер восхитува со мноштвото детали кои му даваат романтичен тон и неверојатен поетичен амбиент на просторот. А, кога се украсите во прашање, Софија ја открива својата тајна за убав, но евтин декор: повеќето детали се отпадоци кои таа самата ги има рециклирано, давајќи му извонредна декоративна намена на она што за многумина е само непотребно ѓубре. Дел ги бојадисува и редизајнира, а дел ги остава онакви какви што се, автентични, па дури и ‘рѓосани, бидејќи одлично се вклопуваат со остатокот од деталите, во играта на контрастот: старо-ново. Многу интересни креации, кои му даваат прекрасна винтиџ нота на ентериерот, а заштедуваат вистинско богатство.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајнерски Дизни принцези
Следна објаваЖивотни од пенкало и мастило | Tim Jeffs
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР