За сите непоправливи романтичари и оние со поинаква претстава за совршеното место за релаксација и одмор, една навистина оригинална дестинација, како создадена за романтично бегство од соништата. На два часа од Лондон, во старото англиско село Shanklin близу гратчето Bembridge, во несекојдневно бајковито опкружување на островот Isle of Wight, се наоѓа комплекс од две поетични ,,засолништа’’ кои совршено се надополнуваат едно со друго. Првото е прекрасна винтиџ колиба, целосно екипирана и функционално опремена за престој, комфорно, суптилно и деликатно уредена во внатрешноста, со внимателен избор на мебел и детали кои евоцираат спомени од минатото, кокетирајќи со ретро шармот на ентериерот. На неа се надоврзува идиличната летна дрвена куќичка како излезена од детските мечти – со цветна веранда и релаксирано катче за оддишка во природа, во неверојатно пријатен амбиент и глетка која мами воздишки. Идеално место за романтичен пикник или уживање во магијата на англиската провинција, благословена со најповолна клима и бројни знаменитости и атракции, меѓу кои се вбројуваат и мноштво древни римски вили, средновековни замоци и историски куќи. И, пред да помислите дека песочна плажа и морски амбиент се нештата кои би недостасувале ваквата идила да биде совршена, во непосредна близина, на само неколку минути одење пеш, со кристално чиста вода и златен песок шармира крајбрежјето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Металик сепаратори
Следна објаваMarc Jacobs | На состанок со Хани
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ