За сите оние за кои „губењето во книга“ е секојдневие, денешниот ден е празник – Денот на љубителите на книгата! Сместете се во Вашето омилено катче за читање, обезбедете шолја кафе или чаша вино и препуштете се на Вашето омилено задоволство, за да прославите на најубав начин. Чувствувајте се слободни да читате што сакате, каде сакате.

Читањето книги важи за одлично хоби, кое истовремено е многу важно за изградба на личноста. Секако, тука не станува збор само за популарни романи или серијали, туку и за тешка литература, како класичната или стручната. Работодавците со поглед веднаш го забележуваат во CV-aта. Образовно, информативно, релаксирачко: умее да направи од Вас попаметни и посреќни луѓе. 9ти август има своја тежина – може да се прослави на некоја плажа, палуба, под сенка или дома, битно е да се импровизира празнување и да се ужива во моментот. Потеклото на овој празник е доста дискутабилно бидејќи според истражувањата, творецот е недостапен да се пронајде (иако сме речиси убедени дека станува збор за закоравен библиофил), додека локацијата на која се врзува истиот е популарниот Запад. Огромно мнозинство на светските сајтови вели дека 9ти август е денот „Д“, додека минорен број тврди дека истиот се одвива во првата сабота од ноември. Заклучокот е едноставен… Ако сте вистински вљубеник во книгите, нема да Ви треба посебен ден за да уживате во пишаниот збор!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТопол дом со убави бои
Следна објаваНе вознемирувај | Anja Niemi
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР