Холандските уметници Thomas voor‘t Hekke и Bas van Oerle кои себеси се нарекуваат Front404, на уникатен начин го прославија 110 годишнината од роденденот на Џорџ Орвел, каде сите камери за надзор во центарот на Утререхт, Холандија беа украсени со шарени капи за забава!

Џорџ Орвел е најмногу познат по неговата „1984“, каде што тој ја опишува дистописката иднина на општеството каде што населението е постојано следено од страна на надзорната држава, во стилот на Големиот Брат.

Со ставањето на овие шарени капи врз камерите, не само што се прослави роденденот на Орвел, туку се стави акцент на незабележителните места на поставување камери кои самите ги игнорираме, за да се создаде една нова свест дека премногу камери не следат и дека своевремено и моментално, Орвел бил многу блиску до реалната вистина. Со обележување на 25 јуни, оваа провокативна уметничка инсталација е вистински публицитетен и интелигентен трик.

2

3

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПринцезите на Дизни во улога на лоши ликови
Следна објаваКантри дом со експлозија од бои
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР