001Вака изгледа описот на овој прекрасен мини стан, чиј амбиент умешно ги пресликува тоновите на морето и плажата во секое катче на ентериерот. Иако со скромна површина од само 50 метри, станбениот простор е максимално удобен и функционален, а притоа изгледа неодоливо привлечно и опуштено. Која е тајната? Деликатната комбинација на сината и белата боја, но и внимателниот избор на детали со морски мотиви.  Сместен е на самиот брег во сончевата Коста Брава, целосно исползувајќи ги поволната локација, фасцинантните глетки на морето и светлината на медитеранското сонце како предности. Во отворен простор се интегрирани дневната соба и кујната, а располага и со уште две стилски уредени спални соби, бања и шармантна тераса. Во просторот продира големо количество на природна светлина, при што отворот помеѓу дневната и кујната е во функција да овозможи нејзин непрекинат продор меѓу нив. Изборот на бои се сведува на комбинација на белата и различните нијанси на сината, надополнети од неутралните тонови. Креираат смирен и релаксирачки амбиент и се вистински одмор за сетилата. Ѕидовите се бојадисани во сини нијанси, или, пак, со апликација на нежни тапети како решение, додека мебелот, завесите и повеќето додатоци се пријатен спој на белите и кремастите тонови, разиграни со тиркизните акценти и цветните аранжмани.  Суптилниот избор на  детали и украси само ја надополнуваат хармонијата на ова релаксирано катче, внесувајќи го ехото на морето буквално во секој простор, а особено во симпатичната бања. Фасцинацијата од морската тема продолжува и надвор од ентериерот, на преубавата цветна и романтична тераса, на која секој миг го одземаат здивот магичните видици. Совршена летна инспирација!

002

003

004

007

005

006

008

009

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMercedes Benz | пролет/лето ’14
Следна објаваЧистината на децата | Elena Gromova
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР