Со воодушевувачки глетки на пацифичкиот брег на Мексико, ,,Casa Dos Chicos” e раскошно дизајнирана вила за одмор и вистинска оаза на задоволствата. Со впечатливата портокалова фасада, вилата е издигната на три нивоа на кои се наоѓаат 4-те апартмани со различни приказни, до кои водат тиркизните скалила. Во вилата со уникатен дизајн  доминираат јаките бои и фанки амбиентот во внатрешноста, а од преубавата цветна градина со климатизиран базен и релаксирачки катчиња опкружени од палмовите дрвја, како и живописните пејсажи во околината, застанува здивот кога се набљудува надворешноста. Вилата е со вкупна површина од близу 280 метри квадратни, од кои најголемиот дел се целосно отворен простор, низ кој продира свежиот воздух, светлината, звуците на океанот и природата, со поглед од 360 степени на се она што овој топол крај има да го понуди. Во рамки на комфорниот отворен  простор се интегрирани дневната соба, трпезаријата и кујната, целосно екипирани со услови и поволности за неверојатен одмор, функционални и естетски уредени со допири од дрво, бамбус и мноштво колоритни додатоци и декорации, а драматично поврзани во една целина со мостот кој минува над градината. Единствените простори оградени со ѕидови се спалните соби, секоја дизајнирана со поинаков концепт и посебни бањи, со релаксиран амбиент, поради белата боја која е основа на ѕидовите, но, и разиграност, поради многубројните декорации и украси во интензивни бои и романтичниот дрвен мебел. На нив, магично се надоврзуваат терасите со фасцинантните видици од височините на вилата со безброј можности.

2-3

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Старо купувам“ во Кина | Alain Delorme
Следна објаваЛуѓе кои шетаат по ѕидовите | Strok
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ