Преработувајќи песни од светски музичари, 17 годишната охриѓанка Мартина Блажеска има огромна гледаност на своите видеа на Youtube. Импресионирана од гитарата, по соло гитарски настап во своето училиште, започнала да свири на овој инструмент на 14 години. Сега е трета година во средното музичко училиште “Тодор Скаловски Тетоец” во Струга, учејќи класична и џез гитара од Дамјан Пејчиноски, црпејќи инспирација од Џон Меер, Нора Џонс, Џејми Калум и Владимир Четкар.

Пред неколку дена на официјалната фан страна на Facebook на Jamiroquai со пофални зборови беше споделена нејзината преработка на песната “Virtual Insanity” од овој бенд.

„Бев шокирана и плачев од среќа. Се уште не можам да верувам дека толку голем бенд како нив објавил мое видео. Ова што се случи дефинитивно ме мотивира за уште понапорна работа.“ 

Додека ние со нетрпение ги очекуваме нејзините следни видеа и и посакуваме многу среќа, уживајте во музиката на овој млад музички виртуоз.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПисмо до себе си
Следна објаваКамена колиба со ехо од океанот
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР