Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година. На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата тајна на Европа”, како љубат да го наречат светските патници овој живописен крај, со популација од околу 450 илјади жители, и близу 10 милиони туристи кои го посетуваат секоја година. Почнувајќи од административниот центар Фаро, oмилената летна дестинација Албуфеира, преубавите Лагос и Алвор, но и сите останати помали градови и селца – секое место е специфично во својата убавина и различно во приказот на португалскиот дух и традиција. Автентичната архитектура, историските локалитети, занаетчиските работилници и сликовитите пејсажи, во комбинација со разновидната понуда на забавни содржини и луксузни одморалишта, оставаат секому избор за начинот на кој ќе ја доживее магијата на Алгарве. Во локалната архитектура се видливи трагите од маварското присуство, а во внатрешноста може да се пронајдат  необичните села, се уште недопрени од туристите, длабоко затскриени зад боровите шуми. Плажите, пак,  варираат од осамени заливи со преубави карпести гребени и пештери, до широки плажи со златни песоци долж брегот на Атлантскиот Океан. Насадите со портокали, лимони, калинки и смокви, расцветаните бадемови дрвја и мноштвото диви цвеќиња на оваа плодна покраина и даваат уникатна палета бои, кои се во совршен контраст со белината на традиционалните куќи. Пријатната клима е идеална за водени спортови и дружба со делфините, но и за многу други спортски активности, особено голф, со преубавите зелени терени на брегот, по кои е препознатлив Алгарве во светски рамки. Возбудлив е и ноќниот живот, со елегантните барови, клубови и марини, но и одличните ресторани во кои може да се дегустираат локалните рибни специјалитети. За љубителите на Португалија и трагачите по нови авантури, Алгарве е идеално место за уживање во безбројните можности под секогаш сончевиот хоризонт.

309462_384758881577552_1358787678_n

521706_485446508175455_1500248696_n

67677

algarve

B

23339_456468101073296_1540589188_n

385308_459818060738300_1837030842_n

EUROPE___MEDITERRANEAN_PORTUGAL_ALGARVE_ALBUFEIRA_RES_000172_

EUROPE___MEDITERRANEAN_PORTUGAL_LISBON_COAST_LISBON_RES_000531_

F

EUROPE___MEDITERRANEAN_PORTUGAL_LISBON_COAST_CASCAIS_RES_000527_

S

Oplevelser_Algarve__520148y

555447_455208577865915_401386242_n

561245_386834378036669_722806588_n

13100_470607236326049_1221107388_n

P

301308_482510061802433_961227760_n

559390_487819517938154_1197282007_n

DSC_1276

538576_322656511121123_891463118_n

523620_322655674454540_1788449337_n

travelfinderss

556416_459856297401143_1013342143_n

68449_421868181199955_1678327998_n

EUROPE__MEDITERRANEAN_PORTUGAL_ALGARVE_ALBUFEIRARES000172

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Вртелешка
Следна објаваКриминалот цвета во библиотеките
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ