Низ неколку наврати на животот, честопати се доведуваме себеси до прашање како би постапиле доколку сме доведени до ситуација да изгубиме некој од своите блиски. Дали животот би продолжил да тече нормално, дали справувањето со болката би била минлива со изминувањето на годините или едноставно, не би можеле да надминеме загуба од таков калибар. Во романот на Едвардс, се започнува во една снежна, маглива ноќ која се стреми да ја дочека зората со пречекот на новата генерација– младиот доктор Дејвид Хенри на сопствена рака тргнува да ја породи сопругата Нора, но во неможност да го стори истото, на помош доаѓа локалната бабица во нивниот дом. Среќата е еуфорично неопислива во маргините на темната зима, младиот пар се стекнува со функција „родители“ на две прекрасни близначиња, момче и девојче. И кога текот на случувањата гарантираат иден идеален семеен портрет, таткото открива извесни неправилности во изгледот на неговата малечка ќерка… констатирајќи дека страда од оригинерен Даунов синдром, ја дава на бабицата да ја носи во дом, а на сопругата со жалење и соопшува дека малата не успеала да преживее при породувањето.

„Нора гледаше во ситното лице на своето синче, изненадена, како и секогаш, што уште немаше име. Тој растеше, а таа не можеше да ги загуши сеќавањата – одбиваше да му даде име на чедото дури неколку недели, со чувство на вина кое ја имаше суспендирано помеѓу два света.“

Хронолошки подредените години кои го следат животот на Пол согласно неговите успеси и живеењето сосема нормално со своите родители, истовремено и паралелно ја компарираат Фиби, иако со задоцнување во развојот. За сето тоа време, одречената ќерка живее со бабицата која ја прифати како сопствено дете, како незаштитено суштество кое допрва ќе треба да се соочи со светот. За сето тоа време, докторот напредува во својата кариера, притоа форсирајќи го Пол да се движи кариерно кон животот, величајќи го како своја гордост и свој наследник… истовремено, романот ја следи инстинктивно мајчината самотија и вечно жалење кон загубата на невиденото чедо. Подемот во медицинската кариера повлекува пад на речиси совршениот семеен живот – со изминувањето на годините, таткото на близнаците старее и се истоштува на работното место без притоа да си дозволи себеси видливо да жали поради непромислената одлука да се одрече од Фиби без да и дозволи да ја запознае, но секако испраќајќи и финансиска поддршка на Керолајн за да се грижи за неговата ќерка. Тој доаѓа до крајот на сопственото животно патување без да и каже на сопругата и на синот дека делот кој недостига, всушност егзистира некаде одделено од нив…

„Пропуштивте многу болка, докторе. Но, исто така пропуштивте неверојатна радост.“

Еден од ретките романи кој истапува од редицата семејни драми поради својата нефлексибилна тематика во услови на секојдневното, модерно време ја прават Едвардс мајстор на околу 500 страници во кои иманентно и впечатливо се провлекува пригушениот врисок позади идеалниот семеен потрет, т.е ја докажуваат тезата дека попрво би се откажале од нештото, отколку да се доведеме до ситуација поради истото тоа нешто да бидеме предмет на потсмев или сожалување. Впрочем, оваа констатација е вечен именител на бесконечната битка помеѓу моралот и општеството. Една паралела на навистина суштинските вредности на живеењето наспроти вечната опсесивност да се избере полесниот пат..

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Плетен колан
Следна објаваОгледала на животот | Beyonce & Pepsi
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР