Не постои подобро време за посета на Јапонија од пролетта, кога розовите цветови на јапонската цреша сакура ја претвораат оваа островска држава во вистински рај на Земјата. Секоја година, во периодот од март до мај, еден по друг, јапонските градови се преобразуваат во огромни цветни градини. Нежно розовите цветови се редат до бесконечност во далечината, ублажувајќи ги строгите линии на традиционалните куќи. Како вистински вљубеници во природата, Јапонците секој слободен миг го користат за да пронајдат што подобро место во парковите или покрај реките, да се сместат со семејството и пријателите, и да уживаат во пикникот под црешовите крошни. Набљудувањето на црешовите дрвја и нивните цветови се нарекува Ханами и е стар јапонски обичај со долгогодишна традиција. Претставува доживување само по себе, и ритуал, со кој се прославува доаѓањето на пролетта, но и се воспева минливоста на времето. Трае само недела или две, колку што се задржува и самиот цвет на црешовата крошна, но е вистински празник за сетилата, кој се нетрпение се очекува, како од милионите Јапонци, така и од бројните туристи од целиот свет. Денес, Ханами е масовен културен и туристички настан. Се е во знакот на сакурата и розовата боја, и е идеална можност Јапонија да се доживее на автентичен начин.

xx778

xx444

xx545

xx521

xx865

xx452

xx553

xx334

xx665

xx556

xx889

h

xx663

xx912

xx852

M

xx544

xx335

xx327

W

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГигантска тастатура | Anatoly Vyatkin
Следна објаваМашки тренд | Линии
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ