Создадена во чест на детскиот Саем на книга, чие издание во 2010 година за домаќин ја затекна Словачка, најголема чест им беше оддадена на книгите преку уметничкиот израз на Matej Kren и неговиот Scanner проект, т.е куќа од книги. Како еден од најистакнатите словачки уметници, Kren се фокусира на преносното значење на материјалите кои ги употребува во своите дела, така што Scaneer, кој е изложен во Музејот на модерна уметност, Болоња претставува една од многуте детски фантазии отелотворени во стварност. Гигантска куќа од илјадници книги!

Вистинско ремек-дело од надвор, совршено чувство од внатре – создадена е уникатна сугестивна врска меѓу историската и идеолошка релативност на книгите, во облик на перцептивна илузија. Збунувачка бесконечност на изворот на знаење, како симбол на суштината на човековата слобода да размислува, книгите кај Matej Kren се многу повеќе од суровина на неговиот уметнички процес…

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBIRD | 100то издание на IDN
Следна објаваЧовековото однесување во комични илустрации
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР