На изненадувањата никогаш крај – откако ги констатиравме страшните потекла на најубавите детски приказни во дел 1 и дел 2, денес на репертоар имаме 3 млади дами кои се главни хероини во бајките кои ни го обележаа детството и се’уште успеваат да го задржат интересот на публиката, независно возраста. Имено, она во што читателите и слушателите во суштина уживаат се сепак, среќните краеви. Некако успеваат да ни ја вратат вербата во животот и љубовта, колку и да е ситуацијата безнадежна. Но, не е се’ така розово. Следна од принцезите е Златокоса…

7

7. Златокоса

„Златокоса, Златокоса, пушти ја твојата коса!“ – по верзијата на Грим, девојката со најдолга коса на светот тоа го прави премногу често, за принцот, при што завршува бремена. За кратко, невино ѝ се обраќа на вештерката бидејќи алиштата ѝ стануваат премногу тесни, така што Златокоса е успешно елиминирана како конкуренција на вештерката во очите на принцот. Магично ја испраќа далеку од дома, ја осудува на просјачки живот со две гладни усти. А принцот, доволно храбар да ја одбие, го доживува нејзиниот револт летајќи преку прозорецот. Неколкуте грмушки му го спасуваат животот, но вештерката му го наплатува долгот ископувајќи му ги очите. Ова крвопролевање сепак е среќен крај во однос на останатите приказни!

8

8. Златка и трите мечки

Во најраната верзија на оваа приказна, девојчето со златни кадрици не беше лик од истата – приказната броеше три мечки и една лисица, која влегува во нивниот дом, спие во нивните кревети и јаде од нивната храна. На крајот, самата завршува изедена од мечките или е евентуално фрлена од прозорец, зависно кој ја кажува приказната. Интересно, се смета дека заменувањето на лисицата со женски лик е одлично поистоветување на нивната најистакната особина: итрината, која се инкарнирала во најбезболна приказна и релативно среќен завршеток.

9

9. Малата сирена

Сите ја знаеме судбината на Ариел: го продава својот глас за да добие пар нозе (краток период да ужива во апостолки на плажа), за притоа да го освои срцето на нејзиниот принц, нели? Па, не сосема… во оригиналната приказна на Ханс Кристијан Андерсен, таа го менува јазикот за нозете, но, договорот со морската вештерка е дека секој нареден чекор ќе биде се’ поболен и помачен, како чекорење врз остри мечеви; а доколку принцот не се заљуби во неа и се ожени со друга, таа ќе се претвори во морска пена. Надевајќи се дека ќе успее да го заведе, таа танцува за него, иако тоа значи агонија од болка. Тој ѝ ракоплеска, но на крајот жени друга. Сестрите на Ариел ги продаваат своите коси за да ѝ донесат кама со која таа ќе го убие принцот, за неговата крв да капе врз нејзините нозе при што повторно таа би добила перка, но таа одбива и во истиот момент се раствора во пена.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Fishtail плетенка
Следна објаваФото на денот | Венера, облаците и птиците
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР