Новинарска статија објавена во јунското издание на Writers’ digest, 1986 со оригинален потпис на Френк Л. Виско – денес, цитирана илустрација која патува низ реципиентите на интернетот со назнака „непознат автор“. Но, истовремено благодарение на сите доблести на интернетот, името на креаторот на оваа листа е познат и ре-објавен на повеќе медиумски куќи кои се занимаваат со истражување на книжевната уметност. На прашањето „како да пишувате подобро“, овој автор дава свое видување прозилезено од неговото сопствено искуство… и поглед од другата страна, од чевлите на читателот.

„Неколкуте години во играта на зборовите ме научија на неколку правила“ вели Виско:

  • Странските зборови и фрази не се подразбираат.
  • Намалете ги цитатите до минимум. Како што еднаш Емерсон рекол „Ги мразам цитатите. Кажи ми што знаеш!
  • Не бидете излишни користејќи повеќе зборови отколку што се потребни.
  • Вулгарностите се со клаузула „непотребно“.
  • Активирајте ги читателите.
  • Потценувањето е секогаш најлошо.
  • Претерувањето е милјарда пати полошо од потценувањето.
  • Реченица составена од еден збор? Избришете ја.
  • Пасивот треба да се избегнува.
  • Дури и ако метафората е комбинирана, треба да ја елиминирате од текстот.
  • Избегнувајте алитерација. Секогаш.
  • Предлозите не се зборови со кои може да се заврши реченица.
  • Бегајте од клишеата како од чума.
  • Заборавете на симболите, кратенките и слично.
  • Една тема никогаш не треба да се генерализира.
  • Сочувството е еднакво здодевно како клишето.
  • Бидете поспецифични или понеспецифични.
  • Родителски став, колку и да е релевантен, навистина е непотребен.
  • На кого му се потребни реторички прашања?

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевна ДНК | MYDNA полици
Следна објаваСмешни кујнски предмети налик делови од тело
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР