Со големина на дланка, ласерски исечената хартија со цел да се создаде и открие една убава 3D диорама – јапонскиот уметник Yusuke Oono со своето маестрално дело кое го носи името „Книга 360“ ја раскажува култната сторија на браќата Грим за Снежана и седумте џуџиња; преку користeње на длабочината на хартиен инженеринг. За своето дело, Oono вели дека ужива во изнаоѓањето на нови начини да се изрази димензијата, а успеал во тоа преку својата креација која формира нов 3D свет кој доловува драматична трансформација.  Како рамка на познатата книга, транформацијата која се постигнува со неколку листови хартија и еден пар ножици е крајно неверојатна и бајковито достојна за восхит. Проследете ја приказната за Снежана од апсолутно поинаков агол…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAnna Karenina | Филм за престижот и љубовта
Следна објаваПоглед вреден 10 милиони долари | Дуплекс во Њујорк
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР